На официјалниот Јутјуб канал на Македонската опера и балет публиката ќе има можност да ги проследи 48. Мајски оперски вечери кои започнуваат вечерва, на 9 мај, со дигитална премиера на најновата продукција на операта „Кармен“. На 12 мај е балетската претстава „Рајмонда“, 15 мај „Турандот“, а на 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност… Во рамките на фестивалот ќе се одржат 10 продукции, 8 оперски и 2 балетски изведби. Мајските оперски вечери годинава за првпат ќе се следат на еден поинаков начин, онлајн. На официјалниот Јутјуб канал на Националната опера и балет публиката ќе има можност да проследи 10 продукции на оваа културна установа, 8 оперски и 2 балетски. Со овие познати дела ќе се одбележи 48. издание на Мајските оперски вечери, фестивалот кој е најзначаен за Македонската опера и балет.
За почеток, на 9 мај ќе може да се проследи дигитална премиера на најновата продукција на операта „Кармен“, на 12 мај балетската претстава „Рајмонда“, 15 мај „Турандот“, 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај е балетскиот концерт „Балетски бисери“ а на 22 мај операта „Фауст“.
На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“, љубителите на оперската уметност ќе има можност да ја проследи операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај.
-За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31 мај ќе ја емитуваме операта „Аида“, велат од Македонската опера и балет
.