Subscribe
Subscribe
in

Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која е третоосомничена за случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот на вонредната седница. После оваа одлука, шефот на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева има право да поднесе тужба и да се жали да одлуката на Советот на јавни обвинители. Исто така, толку во постаплата биде докажана невиноста на Катица Јанева, таа има право да биде обештетена поради губењето на работното место и месечната плата од речиси 200 000 денари.

-Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седницата.

Тој посочи дека вo понеделник ќе продолжи седницата на која ќе се расправа за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат.

Одлуката за разрешување на Јанева, додаде, стапува на сила со денешниот ден и ќе биде објвена во службените гласила

Процесот на разрешување на Јанева почна на 5 септември, кога Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење. Продолжи Собранието на Република Македонија кое денеска во рамките на 112-тата седница ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Веднаш по завршувањето на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша  предлогот за разрешување и го достави до Советот на јавни обвинители кој на вонредна седница ја потврди одлуката за разрешување.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекуваше утре, на 15 септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателот на Филипини: Тепајте ги службеници кои бараат мито

Студентска размена во Русија, пријави се

Back to Top
Close