in , , ,

Млади за Македонија на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј: Време е за признавање на Црквата на Македонците!

Студентско движење кое се бори против промена на името на нашата татковина Македонија, „Млади за Македонија“ на средбата со вселенскиот патријарх Вартоломеј порачаа дека е време за признавање на црквата на Македонците и Македонија.

Поради најавата за промена на името на Македонската православна црква, претставници на Млади за Македонија остварија кратка средба со Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим – Константинопол и Патријархот Вселенски г. Вартоломеј. Средбата се случи во седиштето на Вселенската Патријаршија во Црква „Свети Ѓорѓи“ во Костантинопол на 01.03.2020 во 17:32 ч по локално време.

На Патријархот Вартоломеј му пренесовме порака да ни помогне за признавање на Македонската православна црква како Црква на Македонците! Исто така, му потенциравме дека целиот Македонски народ е во очекување на неговата одлука (за издавање на томос за автокефалност на МПЦ). Вселенскиот Патријарх Вартоломеј изрази лична надеж за решавање на црковното прашање.

Преку оваа средба ги поставивме македонските црвени линии – запишување на МПЦ во диптихот на Вселенската Патријаршија како Црква на Македонците и Македонија!!! Најмалку што очекуваме е МПЦ да биде запишана како Црква на Македонија! За овие црвени линии ние силно и жестото ќе се бориме.

Млади за Македонија предупредува на стапица која се крие преку запишувањето на локалните цркви во диптихот на Вселенската Патријаршија, а која се планира да се искористи за промена на името на Црквата, каде нема да се спомнува зборот Македонија и Македонци, ниту формулацијата Црква на Македонците и Македонија!

Стапицата е што во диптихот на Вселенската Патријаршија ниту една помесна Црква не е запишана под името со кое што се нарекува. Па така СПЦ нигде не фигурира како Српска Православна Црква туку како Црква на Србија со поглавар Белградски Патријарх, Бугарската како Црква на Бугарија со поглавар Софиски Патријарх, Руската – Црква на Русија со Московски Патријарх итн. Се планира промената на името на МПЦ да се случи преку запишувањето во диптихот како Охридската Архиепископија, која нема да го содржи зборот Македонија и Македонци! Ова претставува национално и христијанско предавство што не снеее да се дозволи!

Потсетуваме дека на Млади за Македонија досега е единствена организација во Македонија која воопште има организирано протест за црковни теми. На 27ми мај 2018 година, на 1000 годишнината од постоењето на Охридската Архиепископија, Млади за Македонија организираа студентски протест против мешањето на други цркви во нашата Македоска православна црква, односно обидот на Бугарската црква да се промовира како мајка-Црква на Македонската православна црква. Млади за Македонија нема да остане нема и соодветно ќе реагира на секој обид за промена на името на МПЦ преку нејзино запишување во диптихот без зборовите Македонија или Македонци!

Со векови духот на Македонскиот народ се оддржуваше преку Црквата. За македонскиот народ Цркавата завзема примарно место и промената на името на црквата претставува последниот удар за уништување на нашиот Македонски народ. Најавите за промена на името на црквата е само продолжение на модерниот Холокауст кој се случува врз македонскиот народ, а се врши преку систематско уништување на македонскиот народ преку промена на името, идентитетот, јазикот, историјата и колективната меморијa.

Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим – Константинопол и Патријархот Вселенски г. Вартоломеј, 01.03.2020 Константинопол

Молитвата за почетокот на Велигденскиот пост, Црква „Свети Ѓорѓи“, Костантинопол 01.03.2020

 

 

 

 


			

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

(фото) МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Коронавирусот се пренесува и со ракување, да го користиме македонскиот поздрав

БОЈКОТИРАМ: Влатко Јовески тепа жени по улица