in

Меркел во карантинн, нејзиниот лекар заразен со корона

Германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа во карантин во својот дом поради контакт со нејзиниот доктор, за кој се дозна дека е позитивен за корона. Меркел со него последен пат имала контакт пред 2 дена во петокот. Тогаш лекарот на Меркел (65) и дал неларства против  бактериска пневмонија во петокот, а канцеларката самоволно одлучила да замине во карантин откако дознала за неговиот позитивен тест, изјави портпаролот на германската владата Штефен Сијберт.

Во наредните денови Меркел редовно ќе подлежи на тестирања за корона, а во исто време ќе ги извршува своите должности од дома, додаде Сииберт. Германскиот лидер рано денеска се појави на прес-конференција, каде детално ги опиша новите ограничувања за да се обиде да го задржи ширењето на вирусот.

На прашањето како се справи со ситуацијата, таа одговори: „Јас ги откажав скоро сите средби. Така, мојот живот се промени фундаментално и се состои главно од телефонски и видео конференции “.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Академик Др. Илија Чашуле: Веднаш да се распушти МАНУ пред да ни ја смени историјата

Борис Џонсон има корона