in

Во изминатите 24 часа, 159 лица пратени во изолација

Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Според статистичките податоци на министерството, во изминатите 24 часа на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не биле евидентирани прекршувања на мерките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија повторно со над 10.000 новозаболени

Во Македонија АХВ уништи над 85 тони небезбедна храна