
Додека трае неизвесноста околу поискусните имиња која ќе добие конечна завршница најдоцна на 20. овој месец, челниците на Вардар ја продолжуваат соработката со помладите ракометари.
СПОРТМЕДИА дознава дека во таборот на „црвено-црните“ ќе останат Марко Кизиќ кој блескаше на голот на македонскиот првак, како и Марко Мишевски, и двајцата се во планот на стратегот Стевче Алушовски.
Вардар потпиша договор со Давид Гашовски. Станува збор за член на Вардар Јуниор, кој минатата сезона доби шанса во СЕХА-лига.
Од први јуни клубот го превзема Михајло Михајловски, тој за нашиот сајт најави дека тимот ќе биде конкурентен за четвртфинале во ЛШ и финале во СЕХА-лигата, како и освојување на двете круни во домашниот шампионат.