
Холивудската легенда Том Круз снима филм во вселената, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
„НАСА е возбудена поради тоа што соработува со Том Круз на филм во Вселенска станица. Потребни ни се популарни медиуми за да ја инспирираат новата генерација на инженери и научници, за да направат вистински амбициозни планови за НАСА“, порача на Твитер Џим Брајденсштајн од НАСА.
Тој не откри детали за филмот, но на Твитер објави порака по текстот на „Дедлајн“ кој објави дека Круз соработува со основачот на „Тесла Моторс“ и „Спејс екс“ Илон Маск, на снимање на првиот игран филм во вселената.