in

Трамп: Короната е полоша од 11. септември и Перл Харбор, Кина е виновна за овој најлош напад

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша пандемијата на коронавирусот како „најлошиот напад“ во историјата на САД и повторно ја обвини Кина за тоа.

Трамп изјави дека пандемјата потешко ги погодила Соединетите Американски Држави од јапонското бомбардирање на Перл Харбор за време на Втората светска војна и терористичкиот напад во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001-ва година.

„Ова е полошо од Перл Харбор, ова е полошо од нападот на Светскиот трговски центар. Никогаш немало ваков напад“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Според Трамп, тоа никогаш не требало да се случи затоа што вирусот требало да биде сузбиен уште на својот извор во Кина. На прашањето на новинарите дали пандемијата ја смета за воен акт, Трамп порача дека пандемијата е непријател на Америка.

„Невидливиот непријател го гледам како војна. Не ми се допаѓа како стигна овде кога можеше да биде сопрен, а не беше“, изјави американскиот претседател.

Досега во САД се потврдени над 1,2 милиони заразени со коронавирусот, а како последица на Ковид-19 починаа речиси 75 илјади луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бундеслигата продолжува на 15 мај

Боки 13: Заев ме изманипулира дека странски обвинител имал сѐ за мене