in ,

Онлајн концерт заврши крваво откако пејачот со нож бил нападнат од својот сосед

Музичарот Пеце Петровски од Битола бил прободен со нож во раката затоа што гласната музика од онлајн концертот му пречела на неговиот сосед.

Петровски за „Фокус“ објасни дека онлајн концертот на „Фејсбук“ го правел во чест на момчето Лука од Битола кое има аутизам. Тој сакал да ја подигне јавната свест за случајот со момчето, како и да ги расположи своите соседи, но завршил со исекотина на раката.

„Се тргна како што треба, но во еден момент се слушнаа удари на мојот прозорец. Го прекинав видеото во живо, за да видам што се случува. Го забележав мојот сосед Бојан, од соседната зграда, видно вознемирен и хистеричен. Започна да се расправа со мене, да ме навредува… Го прашав што е проблемот, тој почна да вика – Копиле, излези надвор, не можам да спијам! Излегов со цел да му појаснам што всушност правам, сакав на мирен начин да се реши ситуацијата. Во еден момент тој извади нож и ми го заби во раката, се обиде уште еднаш, но во намерата го спречи мојот колега Дарко, којшто со удар го одвлече од мене. Бојан стана и се упати кон својот дом со зборовите – Пеце, имаш среќа што не слегов со сатарот “, раскажува Петровски за „Фокус“.

Тој открива дека неговиот пријател повикал полиција, а тој веднаш со возило на Брза помош бил упатен кон Ургентниот центар во битолската болница.

Петровски додаде дека раната му била санирана, а сега ќе следува и поднесување на приватна тужба против неговиот сосед кој бил на околу 35-годишна возраст. Тој вели дека ова не било прв пат да музицира од дома, но прв пат се случува некој вака да го нападне.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Владата утре ќе се задолжи за нови 38 милиони евра

Германија ќе издвои 750 милиони евра за вакцина против Ковид-19