in

19 лица, не го почитувале полицискиот час во Скопје

Против 19 лица кои не го почитувале полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради извршено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и за време на полицискиот час се движеле на различни локации во Скопје.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Порасна бројот на заболени деца од коронавирус во Македонија

Кина попушта во трговската војна со САД