
Грчки хакери го нападнале Министерството за финансии и Министерството за економија, во неделата, на 10 мај.
На твитер е објавена листа со мејлови и пасворди на вработени во овие две Министерства.
Позади хакерскиот напад стои групата „Силна грчка армија“.
Краток период бил хакиран и сајтот на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, од истите хакери кои се потпишуваат како PGA – Powerful Greek Army.
На твитер акаунтот на Powerful Greek Army, може да се забележи дека на 9 мај ја хакирале и официјалалната веб-страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.