in ,

Кочо Анѓушев доби тендер од 2 милиони евра од Град Скопје

Речиси два милиони евра е тендерот на Град Скопје за набавка на струја, кој е доделен на фирмата „Енерџи деливери солушнс“. Станува збор за фирма на довчерашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, која е една од водечките за снабдување на електркична енергија за државните институции.

Склучиот договор на Градотза  со друштвото за трговија и услуги „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС) АД Скопје е во вредност од 118.236.000 денари или 1,922,537 евра.

Фирмата во април го доби тендерот и Министерството за животна средина и просторно планирање, вреден 813 илјади евра.

Меѓу државните институции кои во 2020 година ја одбрале фирмата на Анѓушев се и болниците во Прилеп и Битола и уште многу други општини и институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДИК: Избирачкиот список мора да се преработи

Во Танзанија од ковид-19 заболени коза, овца и папаја