
Некогашната шарена револуционерка и гласна активистка на СДСМ, Мери Николова Буџаку, во „Што не е јасно“ на Алфа изјави дека Заев и нудел пари, велејќи да оди во партијата СДСМ и да земе колку сака.
Заев кажа, се што ви треба одете земете пари во партијата. Јас реков дека додека сум здрава и права никогаш нема од партијта да земам пари, ќе работам и тоа што ќе го сработам ќе знам дека е мое.“ вели Николова Буџаку.
Таа истакна исто така дека нејзи и биле нудени фунции, како директор на затвор, но не прифатила.
Ние имавме средба, после 8 месеци, разговаравме и после две недели го смени својот став, во меѓувреме, јас му кажав: очекував дека ќе бидете човек и ќе ги повикате правите борци, не само оние кои што знаат да се додворуваат, а ние додека се боревме тие правеле листа кој на која функција треба да седне. Нашиот разговор беше само еднаш, после победата, сите наши договарања биле преку вибер.“ истакна Николова Буџаку