in ,

Нов пораст на заразени, текот на рестриктивните мерки на состанок на кризниот шта

Откако во изминатото деноноќие бе арегистрирани 30 нови позитивни случаи на корона вирус вкупниот број на заразени во Македонија се искачи на 1.792. Во изминатиот ден на Клиниката за инфективни болести во Скопје три пациенти починаа од болеста со жто бројот на жртви се искачи на 101. Активни се 398 случаи.

Ваквото ново зголемување на бројот на заразени ќе биде разгледувано на денешниот состанок на главниот кризен штаб каде што ќе се разгледува текот на случувањата со рестриктивните мерки и евентуалното нивно олабавување.

Се уште нема одлука каков ќе биде полицискиот час викендов, односно за празникот Рамазан Бајрам, а како што информира техничкиот премиер, Оливер Спасовски, за сите мерки свое мислење дава Комисијата и оти врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.

Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста – изјави Спасовски.

Во меѓувреме, продолжи тестирањата во рамки на скринингот во градинките и од 184 тестирања во претходното деноноќие сите се негативни.

Со скринигот на вработените во градинките, што почна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19, во градинка во Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денеска втора лидерска средба – ќе се одлучи ли за датум за изборите?

Денеска и утре топло, од среда заладување