
Претседателот на САД, Доналд Трамп испрати писмо адресирано до првиот човек на СЗО, Тедрос Гебрејзус, во кое стои 30 дневен ултиматум организацијата да направи суштински подобрувања во својата работа.
Доколку тоа не се исполни во дадениот рок, Трамп е одлучен привремената суспензија на финансирањето да ја претвори во трајна, а воедно и дека ќе го преиспита членството во организацијата. Тој наведе дека СЗО е марионета на Кина.
„Истражувањата покажуваат дека СЗО одложуваше да прогласи вонредна состојба поради притисокот на кинескиот претседател Си Џинпинг. Светската здравствена организација ќе оствари прогрес само доколку може да демонстрира независност од Кина, тоа е единствениот начин.“- Доналд Трамп претседател на САД.
Трамп во писмото вели дека Гебрејзус можел да спаси бројни животи доколку постапувал како др Харлем Брунтленд, првиот човек на СЗО за време на САРС епидемијата во 2003 година. Тој додаде постојаните погрешни одлуки на Д-р Тедрос и самата организација направија екстремна штета од светски рамки.
Претседателот на САД исто така и соопшти на јавноста дека веќе одреден период прима терапија против маларија како превентива од коронавирусот. Лекот хидроксихлорокин досега покажал ефикаснот против ковид-19, а по разговорите со медицинските експерти од белата куќа тој се одлучил на таков чекор
„Хидроксихлоринот е присутен во здравството веќе 40 години, од време на маларијата. Медицинските работници и докторите го примаат овој лек, и јас го земам овој лек веќе неколку недели. Се надевам дека тоа нема да морам да го правам, доколку што поскоро се пронајде конкретен одговор за вирусот,“истакна Доналд Трамп претседател на САД.
Од друга страна битката со ковид-19 во Европа продолжува, а главното боиште во моментов се одвива на источниот дел од континентот, додека пак западните држави бележат се помалку новозаболени и починати лица, па таквата ситуација веќе ги тера лидерите да се спремаат за пост пандемискиот период.
Премиерот на Италија Џузепе Конте соопшти дека Италија повторно „стартува“ со живот, но на повнимателен и уреден начин во чекор со препораките, додавајќи дека земјата се наоѓа пред најтешкиот тест во поствоениот период.
„Ќе ги зајакнеме безбедносните мерки, но ние како влада сме свесни и ќе се обидеме да ги исполниме потребите на сите во најбрз рок. Владата работи на економски пакет кој ќе им помогне на сите погодени од кризата.“- Џузепе Конте.
Италија веќе ги отвори угостителските објекти и катедралите. Од 25 мај се отвораат теретаните и спортските центри, а луѓето ќе им биде дозволено да патуваат надвор од своите региони, но од 3ти јуни.