in ,

Заев дојде со „бомби“, со „бомби“ ќе си замине

Зоран Верушевски откако му помогна на Зоран Заев со “бомби“ да дојде на власт, сега е во поход со “бомби“ да му помогне да падне од власт, пишува Курир.

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник.

-Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел, рече Заев.

Оваа изјава ја даде Заев откако во јавноста излегоа разговорите каде тој зборува за СЈО, за Камчев, за Сорос…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИТАЛИЈАНСКА ПРАТЕНИЧКА БАРА БИЛ ГЕЈТС ДА БИДЕ УАПСЕН ЗА ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО

Апсење во Скопје и Кичево- приведени 4 лица