
Големата пријателка на Македонија Маријана Петир на својот профили на социјалните мрежи го честитеше празникот на Св. Кирил и Методиј. Петир на социјалната мрежа Facebook како “приказна” ја објави фотографија од споменикот на Св. Кирил и Методиј во Скопје, а преку твитер испрати честитка за празникот.
https://twitter.com/marijana_petir/status/1264652657047764999
Маријана Петир е поранешна европратеничка од Хрватска и силен поддржувач на Македонија. Taa за време на својот мандат цврсто ја поддржуваше Македонија и борбата за зачувување на нашиот идентитет и име. Исто така, таа е основачката на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент. За својата работа, Маријана Петир беше наградена со благодарница од движењето “Млади за Македонија”.