
Поглаварот на исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот ковид-19 е мртов, пренесува „ТВ 21“.
– Во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денеска, со оглед дека ние ја победивме и заради тоа сме тука пред џамијата, Господ е со нас. И кога е Господ со нас ние се чувствуваме најсилни во светот, посочи тој. Реизот е доста актуел во Македонската јавност и со неговата венчавка со 50 години помладата жена. Реџепи се однесува како монарх во државата и се покажа дека е посилен од институциите и правниот ситем на Македонија, со тоа што ја условуваше Владат како да се одвива полицискиот час во државата.