in

Крвава тепачка во Скопје

Синоќа год во 21:45 часот женско лице пријавило дека на ул ,,Христо Татарчев,, 17 во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

Имено околу 21:30 часот лицето А.Б (26) од Скопје физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.

Според пријавеното во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б(49) и неговата сопруга В.Б (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат исто така физички биле нападнати од лицата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Утре завршни зборови за Рекет