in ,

Предложени глоби од 2.000 евра за 21 лице од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Против вкупно 21 лице Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час.

Според ЈО, обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија и биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час. ЈО предложи парични казни од по 100 дневни глоби со висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското езер

До крајот на неделава одлука за нова вонредна состојба или евентуален датум за избори