
Денеска во Апелациониот суд се оддржува јавна седница по првостепената пресуда за „27 април“, со која 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор.
Освен Митко Чавков, Александар Василевски-Нинџа, Игор Југ, Горан Ангеловски-Ќосето и другите осудени, кои беа спроведени од затворите, во судот се појави и Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда, но обвинителството ја обжали, пренесе „360 степени“.
На почетокот на седницата, адвокатите побараа иземање на тројцата судии Јани Нича, Тања Дуковска и Енвер Беџети, бидејќи одлучувале за притворите и амнестијата, додека случајот се водеше пред првостепениот суд.
Судот даде пауза од 40-ина минути за да се одлучи за ваквите барања.