in

Во САД продолжуваат протестите

Во САД продолжуваат демонстрациите против расната неправда поради смртта на невооружен афроамериканец додека бил во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Протести имаше во околу 140 американски градови, а повеќе држави ја повикаа Националната гарда да помогне во контролата на граѓанските немири кои во текот на изминатата недела доведоа до апсење на околу 4.000 луѓе.

Околу 5.000 војници на Националната гарда се активирани во 24 држави и во главниот град Вашингтон, соопшти Националната гарда. Најмалку 40 градови, меѓу нив, Лос Анџелес, Чикаго, Детроит, го продолжија полицискиот час. Околу Белата куќа синоќа имало оган, а медиуми јавуваат дека од петокот претседателот Трамп повремено користел бункер под Белата куќа. Во Минеаполис, пак, возач со камион-цистерна влетал меѓу демонстрантите, кои го извадиле од возилото и го претепале.

Демонстрантите го искажуваат својот гнев поради смртта на Џорџ Флојд (46), откако полицаец го држел со коленото на задниот дел на вратот, кој повеќе пати извикувал: „Не можам да дишам“.

Демонстрации собраа во знак на поддршка за протестите во САД во текот на викендот имаше и во Канада, Велика Британија и во Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маријана Петир и ХДЗ пред договор за соработка

Светот се поремети: Маж кој бил жена е бремен со манекенка која била маж