
Во регионот во употреба има 924 тенкови, од кои повеќето се наследени од времето на студената војна. На прво место според бројот е Романија со 400, втора е Србија со 212, наведува „Милитари баланс“, а пренесуваат медиуми од Балканот.
Трета е Бугарија со 90 тенкови, Хрватска има 75, Босна и Херцеговина – 58, Словенија има 14 активни тенкови од вкупно 57 преземени од ЈНА во 1991 година, а Црна Гора и Албанија немаат тенкови во активна служба.
Се наведува дека Македонија има 31 тенк Т-72 набавени во Украина во 2001. Тоа била најнапредна верзија во регионот, правена за Советската армија, за разлика од извозната верзија што ја користеле Бугарија и Унгарија, која била со потенок оклоп и со послаби борбени карактеристики.