in

РУСИЈА: ОКОЛУ 9,000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ЗА ЕДЕН ДЕН

Во последните 24 часа, во Русија се регистрирани 8.863 новозаразени со коронавирус, а бројот на активни случаи е 231.719.

Кризниот штаб објави дека од почетокот на епидемијата се регистрирани 423.741 случаи на заразени и 5.037 смртни случаи.

Портпаролот на кризниот штаб, Александар Мјашников, рече дека од 18 мај, дневниот раст на бројот на заразени лица остана на исто ниво, од 8.300 на 9.400, а стапката на раст денес е 2,14 проценти.

Во Москва во вторникот се регистрирани 2.286 нови случаи, додека 71 лице почина.

Московските власти објавија дека привремените болници за „Ковид-19“, вклучително и во саемите, ќе останат најмалку уште една година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најмногу тенкови во Романија и во Србија, Македонија не е последна

Информацијата на МОН за упис на студенти во 2020/2021 на владина седница