in

Настава во време на пандемија, учениците разочарани од МОН


Министерството за образование молчи за забелешките на Сојузот на ученици од средните училишта за проблемите со кои се соочуваат при учењето на далечина. Во отсуство на одговор, претставниците на СУАМ пред Министерството ги повторија своите барања.

„Нашата Влада не го зема во предвид психолошкото влијание на оваа криза врз наставниците, а особено врз учениците, бидејќи во последниве денови има значително зголемување на бројот на вознемиреност бидејќи образовните активности се одвиваат пред се преку интернет. Ниту една одлука за нашата иднина не треба да се земе без вклучување на учениците и студентите“, рече Бленди Ходаи, претседател на СУАМ.

Студентите бараат новата учебна година да почне со физичко присуство.

„Учењето од далечина покажува како една земја не е подготвена за настава, за ваков вид на настава. Во однос на инфраструктурата, верувам дека повеќето училишта со овие услови, колку што можеме, ќе ја реализираме наставата во оваа форма“-изјави Бленди Ходаи, претседател на СУАМ.

Во нивното барање објавено пред неколку дена, учениците бараа формирање на заедничка платформа, опремување на учениците од социјалните категории со интернет и електронски уреди и инвестирање во образовни институции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бил и Мелинда Гејтс ќе дадат 8,8 милијарди долари за вакцини

„Виз ер“ ги откажува сите летови од и до Македонија до 14-ти јуни