
Во последниве 24 часа, по направени 987 тестови, позитивни се 87 резултати случаи, а регистриран е еден починат. Од регистрираните, најмногу се од Скопје 41. Следува Штип со 16 лица, Куманово 12, Тетово 10. Пробиштип регистрира 4 новозаразени, Охрид 2 и Струга и Гостивар со по еден.
Излекувани се 5, а на Клиниката за кардиологија починал 1 пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 3.242, бројот на излекувани е 1658, а починале 157 лица.
Најголем број активни случаи има во Чаир 192, во Бутел 68, во Центар 66, во Гази Баба 63, во Аеродром 61, а во Карпош 57. Во општина Сарај има 55 активни случаи, во Кисела Вода 37, по 23 во Ѓорче Петров и во Арачиново, 21 во Шуто Оризари и 20 во Студеничани. Во Илинден оваа бројка е 18, во Петровец шест, во Чучер Сандево три и во Сопиште два случаи. Ковид-19 имаат и двајца странци.