in ,

Пендаровски ги повика Заев и Мицкоски на лидерска средба уште денес

Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Владата не достави формално барање за прогласување на нова вонредна состоја, а споредбите на новозаболени се несоодветни, затоа што ниту една вонредна состојба не беше донесена заради тоа, изјави денеска преседателот Стево Пендаровски.

Друга заблуда е, рече Пендаровски  дека вонредната сотојба има врска со датум на избори, затоа што тие изборни рокови може да течат и во време на вонредна состојба

Претседателот Пендаровски  во своето обраќање упати повик  до најголемите политички партии да седнат  уште денеска да се најде излез  и да се стават државните интереси над личните и партиските.

Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што пратениците се саморапуштија.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три години затвор за убиецот на младиот кошаркар на МЗТ во Ново Лисиче

ДУИ во јуриш: Етничкиот македонски монопол врз моќта заврши, време е за примиер Албанец