
Сафет Бишевац, кандидат за пратеник на јулските избори, во „Само Вистина“ на „Канал 5“ ТВ запраша зошто да не биде Абдулменаф Беџети премиер, односно зошто да не биде Албанец.
-Значи нека победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде понудена платформа на која ќе бидат повикани сите политички партии на коалицирање и ДУИ и Алијанса. Зошто да не, тоа е нашата држава, не е проблем за тоа. А зошто да не биде Абдулменаф Беџети премиер, зошто да не?
Изјавата на Сафет Бишевац предизвика низа рекации на граѓаните на социјалните мрежи.