in

Сончево и топло со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, дневната од 24 до 32 степени, а УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Во сабота ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, ветер претежно од северозападен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Инфективна не е спасен ниту еден пациент кој бил на респиратор

Регистрирани над 40 големи кластери во државата, Скопје и натаму со најмногу заболени