in

Партиите ќе добијат 4 милиони евра помалку за 2020 година

На вечерашнава седница на Владата, на предлог на Министерството за правда се донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година. Четири милиони евра остануваат во буџетот, наведено е во соопштението до Министерството за правда.

„Наместо 0,15% од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04%, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари. Изразено во евра, околу 4 милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од 1 милион евра кој ќе треба да биде распределен согласно законските прописи“, се вели во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крикот на младите! Протест за ПРАВДА ЗА КОЉО!

Викендов ќе се одлучува за отворање на границите без тест и изолација