
Големата пријателка на Македонија Маријана Петир беше избрана за пратеник на вчерашните парламентарни избори кои се оддржаа во Хрватска. Петир беше избрана како независен кандидат поддржан на листата на ХДЗ во 6-тата изборна едицина, кај што според податоците избројани до 00:45 утрово 7.379 преференцијални гласови или 15% од гласовите на ХДЗ.
Според прелеминарните резултати, на парламентарните избори ХДЗ освои 68 пратеника. Коалицијата Рестарт (поранешна Кукурику коалиција) предводена од Социјал-демократската партија освои 43 места во хрватскиот Сабор, кој брои 151 пратеник.
Маријана Петир претходно беше европратеничка од Хрватска и беше силен поддржувач на Македонија. Taa за време на својот мандат цврсто ја поддржуваше Македонија и борбата за зачувување на нашиот идентитет и име. Исто така, таа е основачката на Групата пријатели на Македонија во Европски парламент. За својата работа, во 2018 Маријана Петир беше наградена со благодарница од движењето “Млади за Македонија”