
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов се обидел да купува гласови за СДСМ, по што луѓето врз кои се обидел да влијае го пријавиле во полиција.
Од МВР за настанот велат дека врз основа на лице кое посочило инволвираност на градоначалникот, тој бил викнат на разговор во полициска станица за случај поврзан со изборен поткуп. Истиот не е приведен.
МВР во текот на утрешниот ден ќе работи на целосно расчитување на случајот.
Како што дознава КУРИР побаран е притвор за него.
Дополнителни информации доаѓаат од социјлните мрежи, кои објавуваат дека градоначалникот е фатен како купува гласови во дојранското село Николиќ.
https://www.facebook.com/vestigevgelija/photos/a.134029504792523/177473033781503/?type=3&theater
Извор: Курир