
На 6 март 1953 Ѓорги Маленков го наследува Сталин на престол на Советскиот Сојуз и апсолутен владетел на комунистичкиот свет! Под палката на Македонецот СССР го достигна својот врв – се тестира хидрогенската бомба, се основа КГБ, а најбитно од се: Маленков спречил Трета светска војна и го спасил човечкиот вид од нуклеарна војна делумно под влијание на неговото македонско потекло!
Според последните необјавени истражувањата на генетичарите Димитар Џундев и Том Гилберт од Центарот за ГеоГенетика на Универзитетот Копенхаген (Center of GeoGenetics) и Швајцарскиот федерален инстутут за технологија во Цирих (ETH Zurich), докажано е дека Ѓорги Маленков е генетски Македонец со директно потекло од Охрид!
Неодамна објавените документи покажуваат дека за време на владеењето на Маленков, направен е план за воена интервенција на Балканот која требала да резултира со обединување и ослободување на сите делови на Македонија! За жал, македонецот Маленков бил на власт само 2 години и немал време да направи доволно. Но ни тие 2 години не беа добро искористени од наша страна, а тогашните македонски комунисти го следеле Тито и завршувале во затвор за секоја врска со Советскиот Сојуз.
Претходно, за време на владеењето на Сталин, токму Маленков влијаел Советскиот Сојуз да ги поддржи Македонците за време на граѓанската војна во денешна Грција и да влијае протераните Македонци да бидат примени во тогашните комунистички држави.
А за жал, единствена европска комунистичка држава која ги затворила границите за протераните Македонци била тогашна Југославија.
По завршувањето на пандемијата, се очекува неговото семејство да ја посети Македонија, нивната прататковина од кај што потекнуваат.