in

Со Пакомак ќе враќаме пластични шишиња, а ќе добиваме пари

На почетокот, Пакомак ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување на машини на целата територија на Македонија. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година. Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива производ), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 1970-тите во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад. Иако досега не беа застапени во Македонија, повратните вендинг машини не се нов концепт во светот. Вообичаено, постојните ПВМ работат на многу едноставен концепт: корисникот/ граѓанинот во машината става отпад за рециклирање во форма на производ (пластично шише, лименка, стаклено шише), а за возврат добива вредносен купон или пари. ПВМ на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки, истите ќе пресуваат и складираат. Преку псоебна апликација на своите мобилни телефони, граѓаните кои го одлагаат овој тип отпад во ПВМ на Пакомак ќе собираат т.н “зелени поени” со кои ќе може да плаќаат јавни услуги или производи во малопродажбата. Бизнис моделот на Пакомак ќе вклучи мрежа од јавни институции, општини, производни компании и рециклатпри на отпад, а во секој момент ќе има и податок колку парчиња амбалажен отпад се рециклирани, од кој бренд се тие и кој матетијал. Исто така, системот на Пакомак ќе препознава кои граѓани се најеколошки совесни и рециклираат најмногу шишиња во текот на годината, со што се дава можност за добивање на дополнителни бенефити за тие совесни граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Панихида за гевгелискиот војвода Леонид Јанков

Почитување на сообраќајните прописи, гаранација за безбеден сообраќај