in

ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ „ДВЕТЕ УШИ“ НА МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ ВО РАДОВИШ

Викендов осумчлена екипа на ПСК „Двете уши“ учествуваше на Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2019” Планинарскиот клуб Бел Камен оваа година на 17 и 18 август 2019 год (сабота и недела), по 13-ти пат го организираше овој планинарски марш во спомен секавање на нивниот планинар и другар Спасов Костаке. Од оваа година маршот го посветија и на нивниот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир ШОИЌ, кој за жал почина пред една година. Тргнувањето беше од пред планинарски дом Џумаја во 8.30 ч. до месноста викана Добра – Јаскан – Лумијска река – Едендере – Планинарски дом Џумаја. Самата патека беше долга околу 17 километри и поминува низ ливади, потоци и реки, и беше погодна за сите возрасни планинари. За оние кои сакаа искачување на Лисец и Бел Камен, беа организирани посебни водичи. Плачковица е средновисока планина во источниот дел на Република Македонија. Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Се издига помеѓу градот Радовиш и Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север, во правец северозапад-југоисток. На овој марш учествуваа над 250 планинари од целата земја, а поради тоа што членовите на „Двете уши“ ги изодеа двете патеки, и до Џумаја и до Лисец, добија специјална благодарница

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почитување на сообраќајните прописи, гаранација за безбеден сообраќај

Првачињата ќе го помнат првиот училишен ден по штрајкот на СОНК