in

Родителите ќе потрошат околу 100 евра за да подготват прваче за училиште

По пресметка на родителите околу 100 евра ќе им бидат потребни за купување на облека, и училишен прибор за да ги подготват првооделенците за тргнување на училиште. За купување на ранец, тетратки, боици, блок, минимално ќе треба да дадат 1.500 денари, но доколку сакаат поскапи работи, поквалитетен ранец, тогаш сумата ќе изнесува и над 3.000 денари. Ако дадат 1.000 денари за ранец, и уште 1.000 за прибор, тоа се 2.000 денари, некоја нормална сума која е неопходно да се потроши, но ако сакаат нешто поскапо и поквалитетно, родителите ќе потрошат и по 5.000 денари само во книжарница, затоа што има ранци кои чинат 3.000 денари. Цените горе – долу се исти со години, нема некои промени, а штом ќе почне учебната година, учениците и родителите откако ќе добијат насоки од наставниците што треба да се набави, доаѓаат и купуваат. Во прво одделение на 1 септември ќе тргнат децата родени во 2013 година. Претходните години бројката на првачиња беше нешто над 20.000, но оваа година во многу општини бројот на запишани деца е помал од очекуваниот.Родителите ќе потрошат околу 100 евра за да подготват прваче за училиште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пад на наталитетот и склучените бракови во Македонија

ГЕВГЕЛИЧАНИ, ЗАЕДНО СО СТРУМИЧАНИ, ВАЛАНДОВЧАНИ И РАДОВИШАНИ СЕ НАЈВРЕДНИ ВО ДРЖАВАТА