in ,

МЕДЕНА ЗЕМЈА“ – МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА „ОСКАР“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) е македонски кандидат за „Оскар“. За кандидатурата на филмот во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска одлучи Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ при Друштвото на филмски работници на Македонија. Комисијата во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед – актер, Сашко Потер Мицевски – филмски монтажер и дизајнер на звук, Игор Ангелов – актер, Дина Дума – режисер и Горан Игњатовски – шминкер, донесе одлука „Медена земја“ да биде национален кандидат во категоријата Најдобар странски филм. Официјалната македонска премиера на документарецот ќе се одржи на 28 август (среда) во Куршумли ан, на затворањето на 10. издание на фестивалот за документарни филмови „Македокс“. Истиот ден, во рамки на фестивалот, ќе има проекција и во Младинскиот културен центар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДЕНЕС ПОЧНУВААТ УПИСИТЕ НА ПОВЕЌЕТО ФАКУЛТЕТИ

Со два куршуми во глава е убиен активистот кој ги штитеше правата на племињата во Амазонија