
Овие тела кои ги основа Собранието на Република Македонија се регулаторни тела и по правило не смее да ги извршуваат членови на органи на политички партии на што укажуваат и извештаите на Европската Комисија.
Но и во овој случај како и во многу други, се работи за партизација ? Од јавно достапните податоци Ташко Дојчинов освен што има две функции, на државно и локално ниво, во декември 2017 година бил избран за претседател на Општинската организација на СДСМ во Гевгелија за периодот од 2017-2021 година.
Од податоците за имотната состојба на функционерите видно е дека Ташко Дојчинов поднел два анкетни листови за неговата имотна состојба едниот како член на совет а другиот како член на Државната Комисија, па оттука е прашањето дали државнтие институции 2 години знаела или можела да знае дека лицето Ташко Дојчинов извршува две функции во исто време и зошто за случајот се молчело толку долго? Гевгеличани се прашуваат зошто на човекот кој се обиде да ја протутка Северна во советот, му требаше толку долго време за да поднесе оставка.