in

Крајно време е да ги промените навиките и да возите совесно

Во 2018 година, 133 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5860 лица се сериозно повредени. Совет за безбедност на сообраќајот излезе со препораки како да возите бебедно

Сообраќајните незгоди, загинати и повредени лица на патиштата се наше секојдневие, а свеста, навиките и културата на однесување во сообраќајот и понатаму не се на потребното ниво.
Брзо возење, возење под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните правила и прописи, некористење на сигурносни појаси, употреба на мобилни телефони при учество во сообраќај,неетичко, некултурно, неодговорно однесување во сообраќајот и понатаму се главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со тешки и фатални последици. Најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура е на ниско ниво и дека недоволно се почитуваат сообраќајните правила и прописи, но притоа сите ја бараат вината и пропустите кај другите, а истовремено забораваат за сопствената одговорност и сопствениот придонес за побезбеден сообраќај. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштатаапелира:„Секој учесник во сообраќајот да преземе поголема лична одговорност во сообраќајот.
Целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимално почитување на поставената сообраќајна сигнализација е обврска на секој учесник во сообраќајот без разлика дали станува збор за пешак, велосипедист, мотоциклист, или возач. Да продолжиме да ја градиме и да ја менуваме сообраќајната култура, почнувајки секој од себе, преку личен пример и позитивен придонес, за помалу жртви и поголема безбедност на улиците и патиштата.
Само во 2018 година, 133 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5860 лица се сериозно повредени. Затоа, крајно време да се променат навиките и културата во сообраќајот, почнувајки секој од себе. Бидете одговорни учесници во сообраќајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Втор уписен рок, на кои факултети останаа слободни места?

Вудро Вилсон до македонецот Михајло Пупин: Букурешкиот договор е на корумпираните балкански буржоазии, инсистирај на автономна Македонија