in

Календарску утре започнува есента – збогум лето

Утре, понеделник, на 23 септември, во 02, 50 часот, астрономски започнува есента.Жолто-златното време од годината. Тоа се двете неразделни бои кои недвосмислено асоцираат на есента, годишно време кога природата полека умира. Велат дека есента ја нарушува рамнотежата во човекот и дека ова време изумираат и најголемите љубови. Во поезијата често пати есента е кобна и ги зема љубовта и надежта од нашите срца, а наместо нив ни ја носи тагата и разделбата. Нерето е посурова и од грубата и студена зима. Сепак, за многумина токму есента е најубавото годишно време. Токму поради боите на природата. Овој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден). Есента ќе заврши на 21 декември. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од недела, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Банкнотите стануваат „северни“ – нови 10 и 500 денарки

ФРАПАНТНИ 70 ПРОЦЕНТИ ОД УЧЕНИЦИТЕ ИЗЈАВИЛЕ ДЕКА ПОСТОИ НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА