in

Со два куршуми во глава е убиен активистот кој ги штитеше правата на племињата во Амазонија

Полицијата во Бразил го истражува убиството на активистот Максиел Переира дос Сантос, кој ги штитеше правата на припадниците на племињата во Амазонија, каде горат илјадници пожари.

Активистот ги штитеше правата на припадниците на амазонските племиња од налетот на земјоделците и сточарите, кои сакаат со пожари да ја уништат прашумата во Амазонија и да направат пасишта и плодна земја.

Максиел Переира дос Сантос бил застрелан во глава со два куршуми, додека возел мотор во градот Tабатинга, на границата меѓу Перу и Колумбија. Тој бил убиен пред членовите на семејството.

https://twitter.com/_CLACSO/status/1171060978584342530?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171060978584342530%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fsvet%2Fso-dva-kurshumi-vo-glava-ubien-aktivistot-koj-gi-shtiteshe-pravata-na-pleminjata-vo-amazonija%2F

 

Убиството доаѓа во време кога меѓународната јавност протестира поради стапката на уништување на амазонската дождовна шума во Бразил, каде се регистрирани најмалку 80.000 пожари меѓу јануари и август, што е скоро двојно повеќе од истиот период лани.

Сантос беше убиен како одмазда за вмешаноста во резерватот „Вале до Завари“, каде со години помагаше да ги спречи ловците, земјоделците и дрвосечачите да влезат нелегално во областа.

Инаку, резерватот е познат како дом на најголем број домородни племиња.

Земјоделските активисти и активисти за животна средина во Бразил честопати се мета на рудната и дрвната индустрија, убивајќи 57 активисти само во 2017 година, од вкупно 201 низ целиот свет.

Уште од моментот кога претседателот Жаир Болсонаро ја презеде функцијата на 1 јануари, буџетот на Агенцијата за заштита на дождовните шуми е намален за 25 проценти, додека буџетот на Агенцијата за заштита од пожари е намален за 23 проценти.

Во истиот период, бројот на казни за опасност по животната средина е намален за 29 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МЕДЕНА ЗЕМЈА“ – МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА „ОСКАР“

СКАНДАЛ: МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ СИ ИЗМИСЛИЛ СВОЈ СОПСТВЕН ЈАЗИК – СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ