
Поранешната Македонска академија на науки и уметности (која сега работи под ново име), веќе одамна ја изгуби целата своја репутација. Пред заминувањето на Камбовски беше издадена наредба до вработените во тогашна МАНУ, во која се забранија сите истражувања кои може да и сметаат на Грција. Нашите извори внатре во МАНУ велат дека се одело до тој степен, што еден од раководителите Момир Поленаковиќ го повикувал истражувачкиот кадар и најстрого им забранил да работат на истражување за античка Македонија бидејќи “академијата не сака да ја налути Грција”, што е спротвно на законот за научна работа. Работата е дотаму стигната што (поранешна) МАНУ на претходните конкурси примала лепачи на плочки со средно кои ги претставува во јавноста како уметници на мозаици.
Не е изненадување што академиците јавно почнаа да бараат распуштање на МАНУ. Последен таков повик испрати светски признаениот лингвист Академик Професор Др. Илија Чашуле, кој јавно упати апел за паспуштање на МАНУ.
Барањето за реформи во (сега веќе поранешна) МАНУ не е нешто ново. Движењето Млади за Македонија на Претседателските избори јавно настапи со платформа во која бара реформи во МАНУ, со што ќе прерасне во академска институција која ќе ги брани македонските национални интереси.
Целосната објава на Професорот и Академик Професор Др. Илија Чашуле:
https://www.facebook.com/ilija.casule/posts/10158820862502985
МНОГУ МНОГУ МНОГУ ВАЖНО: Треба да се дејствува под итно, пред МАНУ да признае дека немаме историја и дека нема Македонци во Грција и дека големиот Гоце Делчев е Бугарин и дека Санде Големиот е Грк по комисиите.
По поддржувањето тешки плагијати, по моето малтретирање и игнорирање како академик, по хаотичниот библиотечен систем од кој редовно исчезнуваат книги и многуте неправедни одбивања за прием на видни македонисти.
ПРЕДЛАГАМ: Веднаш да се распушти постојната академија и да се распише нов конкурс за избор на академици пред да настапат трагични последици за Република Македонија и македонскиот народ насекаде во светот.
Ова е и економски исплатливо: 600 евра Х 60 (~) академици, тоа е заштеда од најмалку 40.000 евра месечно плус трошоците за административниот и помошниот персонал. Стечај. Ве молам лајкнете и коментирајте…покажете се.