in ,

Брат на судијка бара 6 милиони евра во име на Вице и Зоран Заеви

Нова аудио бомба објавена на twitter you tube каде се пишува дека е гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев како бара 6 милиони евра за да бизнисмен биде пуштен на слобода.

-дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работа, вели Васил Димишков.

Васил Димишков во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема. “тие ми рекоа (Вице Заев директно и Зоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им ја намалам нешто тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат”

Коментарите на социјалните мрежи се дека ова е нова аудио бомба за мафијата.
Ова аудио бомба се поклопува со сведочењето на Ана Камчева во случајот Рекет каде посочи уште тогаш дека Камчев бил рекетиран за 6 милиони евра од Димишков.

Таа рече дека Димишков знаел дека за нејзиниот сопруг ќе има кривичен прогон и дека треба да соработува со него, бидејќи, ќе помине полесно.

„Ми рече дека сестра му Весна Димишкова е во блиски односи со обвинителката Лиле Стефанова…”, кажа сопругата на Камчев. За слободата на Камчев, требало да исплатат 2, 4 или 6 милиони евра зависно од ситуацијата.

„Рече дека сумата е голема зашто предметот е специфичен и треба со таа сума да се пензионира сестра му. Бев вознемирена и плачев, но и изненадена што не ја знаеше крајната цена за “Рекет”, кажа Камчева.

Весна Димишкова е и судијката која го замрзна имотот на ВМРО ДПМНЕ, очигледно одработена политичка нарачка. Ова аудио бомба доаѓа ден по признамието на Бојан Јовановски осудем за рекет дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Среде пандемија од Ковид-19, Вевчани 40 часа без вода

(Видео) Свечено формиран штаб на СДСМ во затвopoт Идризово и оддржан мини-митинг