
Денес се одржа традиционална древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска. Каде што масовно присутвуваа православните верници од градот Струга. Струшката литија спаѓа во категоријата значајно културно наследство, заштитено со закон, а преку здружението „Рајчица“.Иконата на свети Георгиј, пак, е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови. Отец Кирил ги донесе моштите во Струга. Братството и Сестринството од Бигорската Обител, Рајчицца и Пречиста пристигнаа во Струга со моштите на Св Георгија Победоносец .
https://www.facebook.com/100006428703020/videos/3225395234351402/