in

Денеска и утре топло, од среда заладување

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура е во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови и УВ-индекс со вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека и утре ќе се задржи топлото време, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Значителна промена на времето ќе има во среда кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов пораст на заразени, текот на рестриктивните мерки на состанок на кризниот шта

Член на обезбедувањето на Пендаровиски позитивен на коронавирусот