
Координативно тело на Македонците во Европа, со седиште во Женева, остро реагира на апелот на Конзулатот во Минхен, преку кој владата бара донации од дијаспората. Конзулатот во Минхен излезе со апел во кој постојано го повторуваше зборот Северна. во која ја разлути дијаспората. Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Одговор на македонската дијаспора во Германија и Европа по повод Апелот на Генералниот конзулат за донации во Македонија
Македонците што живеат во Германија а поддржани и од другите европски држави , со извесна доза на зачудување и негодување, го примија повикот на Генералниот конзулат во Берлин, Германија за донации во фондот за Здравство во Република с…..Македонија .
Ваквиот однос на негација од страна на македонската дијаспора , доаѓа од фактот што досега незаконски преименуваните државни институции , комплетно ги игнорираа нивните барања како во учеството во изборниот
циклус така и во процесот на уставните промени на Република Македонија кои се направија наспроти волјата на македонскиот народ искажана на референдумот од 2018 година.
Тоа е правниот и морален легитимен чин на демократија што ќе преставува идна водилка во нашите размислувања и дејствувања.
Економската и здравствена состојба во која се наоѓа нашата држава, е навистина на загрижувачко ниво и е последица секако и на несоодветните државни мерки превземени досега. Самиот процес на одлучување, ненаменско и нетранспарентно трошење на државниот буџет, остава големи сомнежи кај Македонците во светот за нивно активно вклучување во акциите за помош иницирани од незаконски преименувани државни институции .
Во тој контекст , одговорот на Македонците ширум Европа е бојкот на северните нелегални државни институции а истовремено и силна поддршка за хуманитарни акции, организирани од самите македонски здруженија без државна контрола.
Како поткрепа на изнесеното , веќе неколку дена Македонците во Европа учествуваат во нивна лична акција за испраќање финансиска помош преку свои здруженија во Македонија.
“Што ќе си посееш , тоа ќе си жнееш”.
Никогаш с…..а
Секогаш Македонија.