in

Две страшни сообраќајки завршиле со тешки телесни повреди

На автопатот „Мајка Тереза“ и во Струмица вчера се случиле тешко сообраќајни несреќи во кои две лица добиле тешки телесни повреди и завршиле во комплексот клиники во Скопје и во болницата во Струмица.

Во првата сообраќајка, на мостот над локалниот пат село Бојане -село Ласкарци, патничко моторно возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И. (45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост. Возачот добил тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера на кванташкиот пазар во Струмица патничко моторно возило „мазда 3“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од К.Н. (45) од село Миравци, удрило во пешак В.Џ. (57) од село Стојаково.

Пешакот завршил со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Струмица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шилегов со иновација „ Ливада за пасење кози во центарот на Скопје”

40 лица не ја почитувале забраната за движење во Македонија