in

Една жртва во поплавите во Чешка

Еден маж загинал а 74-годишна жена се води како исчезната во поплавите кои го зафатија истокот на Чешка, објави противпожарната служба во понеделникот.

Обилните дождови во регионот предизвикла излевање на неколку помали реки, поради што населението останало заробено во своите домови.

Неколку луѓе со интервенција на спасувачките служби биле извлечени од нивните автомобили, а на некои места улиците биле прекриени со вода повисока од еден метар. На терен излегле 200 припадници на спасувачките служби кои ја испумпувале водата од подрумите и ги чистече улиците.

Во близина на општината Оскава, околу 200 километри источно од главниот град Прага, уништен бил мост и оштетени неколку локални гасоводи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Починаа тројца и 127 нови случаи на ковид 19

Жбогар потврди дека договорот со Бугарија ќе биде дел од преговорите со ЕУ