
На предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, Советот на општина Гевгелија на последната седница донесе одлука за стипендирање на пет студенти по медицина од ова општина кои се запишале на медицинските факултети во земјава. Со оваа одлука ќе бидат опфатени пет талентирани студенти по медицина од општината кои се запишале на медицинските факултети во земјава.
Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 денари месечно, средства кои ќе бидат издвоени од посебна буџетска ставка, а начинот на доделување ќе се изврши по пат на јавен конкурс што ќе го распише Комисијата за образование, култура и спорт, рекоа од општината. Преку оваа мерка за стимулирање на студенти по медицина, општината сака да даде придонес во решавање на проблемот со недостаток на доктори во Општата болница во Гевгелија која е принудена да ангажира медицински кадар од други центри во земјава за кој установата плаќа големи финансиски средства за дневници и одвоен живот, беше посочено во образложението за донесување на одлуката.
Изборот кој се ќе добие стипендија ќе го врши Комисијата за образование при Советот на општината, за што ќе се распише јавен конкурс за сите што се запишани и студираат општа медицина а покажале досега солидни резултати.
Со ова мерка се дава придонес во решавање на проблемот со недостаток на доктори во Општата болница во Гевгелија која мора да ангажира кадар од други центри за што се трошат поголеми срества стои во одлуката на Советот