in ,

Грчки хакери го нападнаа министерството за финансии и за економија

Грчки хакери го нападнале Министерството за финансии и Министерството за економија, во неделата, на 10 мај.

На твитер е објавена листа со мејлови и пасворди на вработени во овие две Министерства.

Позади хакерскиот напад стои групата „Силна грчка армија“.

Краток период бил хакиран и сајтот на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, од истите хакери кои се потпишуваат како PGA – Powerful Greek Army.

На твитер акаунтот на Powerful Greek Army, може да се забележи дека на 9 мај ја хакирале и официјалалната веб-страница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руски воени официри учат како да пукат на комитски начин ВИДЕО

Рускоска не дозволи Спасовски да одговори дали ја поддржувал Шарената револуција